ЗА НАС

Вршиме продажба на големо и мало на резервни делови за товарни возила – камиони, приколки, автобуси ( Mercedes, Man, Iveco, Volvo, Scania, Tam, Fap, Zeta итн) од познати и брендирани производители

Изработка на црева за хидроулика , гориво и пнеуматика

Со 25 годишно искуство и присутност на пазарот препознатливи сме по широкиот асортиман на квалитетни  производи за теретни возила, се со цел да излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти.
Како друштво со визија и идни развојни цели, комплетно квалификуван и професионален кадар имаме цел со напорна и тимска работа, да ја одржиме тенденцијата на пораст на квалитетот и конкурентните цени на целокупниот асортиман( со лагер од околу 4000 производи во секој момент на располагање) и услугите кои ги нудиме. Ние сме мала мобилна и флексибилна фирма со над 900 комитенти  во Р.Македонија. 
Во блиска иднина планираме преземaње на застапништва за неколку брендови во Македонија, како и постојано проширување на дејностите и на капацитетите.
Фирмата располага со деловен простор од 300м2 во населба Речани (индустриски дел) каде е и лоцирана работилницата  за сервис на хидраулични средства.